Свет

Силен земјотрес со 7,3 степени според Рихтер го погоди Нов Зеланд

Земјотрес со јачина од 7,3 степени го потресе Нов Зеланд, локалните медиуми објавија дека е издадено предупредување за цунами.

Епицентарот бил на 294 километри источно од Тауранга и 181 километар северо-источно од Гизборн. Тоа е локација во Тихиот океан, северо-источно од северниот остров Нов Зеланд.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jacinda Ardern (@jacindaardern)

Можни се бранови од цунами на 300 км од епицентарот на земјотресот, соопшти Центарот за предупредување од пацифички цунами. Националната агенција за управување со вонредни состојби ги предупреди сите во близина на крајбрежјето веднаш да тргнат кон најблискиот рид или во внатрешноста на копното.

фото: Социјални мрежи

На почеток