Свет

Објавена адресата на која живеат 45.000 странци од кои најголемиот дел се Македонци со бугарски пасоши

Во пресрет на парламентарните избори во Бугарија и пописот во Македонија, бугарската агенција БГНЕС обелоденува информација која се чуваше под тепих. Стан на улицата „Леге“ во Софија е „дом“ на 45.000 странци од кои најголемиот дел се Македонци со бугарски пасоши, објави 24.mk. 

Градоначалникот на реонот „Средец“ во Бугарија за БГНЕС вели дека најголемиот број од лицата во избирачкиот списокот од 1000 страници, се со македонски презимиња кои добиле бугарско државјанство врз основа на докажано бугарско потекло.

Телвизија 24 побара одговори од бугарското МНР. Како го коментираат овој бугарско македонски проблем и зошто бугарскиот систем воопшто дозволува ваков пропуст? Како е можно во еден стан да бидат регистрирани илјадници Македонци?

„Министерството за надворешни работи не е одговорно за граѓанската регистрација, мора да контактирате надлежните бугарски институции.“ – велат од МНР Бугарија.

Текстот во целост на: 24.mk. 

На почеток