Дали САД не го прифаќаат професорот Љубомир Фрчковски за амбасадор во Вашингтон? На ова прашање, во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 одговори министерот за надворешни работи Бујар Османи.
„Во ниту еден момент ние не сме кажале дека е кандидат или е отфрлен или прифатен, затоа што процедурите на кандидатури на амбасадор, односно амбасадори се до потврдување на агреманот се во дискреција и се класифицирани податоци“, вели Османи.
извор: „Click Plus“ на ТВ21