Свет

Откриена „балканска соба“ на Телеграм во која над 36.000 мажи споделувале експлицитни фотографии од жени

Непосредно пред Меѓународниот ден на жената, се појави веста дека постои група на апликацијата за допишување Телеграма која собира 36.000 мажи од Балканот, во која мажите споделуваат експлицитни фотографии, снимки, но и адреси на жени од овие простори. Очигледно е дека се работи за одмаздничка порнографија, пренесе „Нова.рс“.

Групата функционира така што членовите пишуваат од каде се и чекаат некој од другите членови на групата да им испрати слики, контакти, па дури и адреси на девојки од тоа место.

За постоењето на оваа група дознала инстаграм страницата „Критички“, со која контактирала загрижена жена, со сомневање дека во групата се споделувале фотографии и снимки од малолетнички, како и дека многу жени биле загрозени со откривање на нивниот идентитет и места на живеење.

Корисничката на Твитер кој откри како изгледа групата Телеграм наскоро добила и закани.

https://twitter.com/loveontop78/status/1368686020447907843?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1368686020447907843%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Flokalno.mk%2Fmornichava-mashka-grupa-na-internet-spodeluvaat-sliki-i-adresi-na-zheni-i-devojki-od-balkanot%2F

А потоа разоткрила уште една група со слична содржина, чија тема се исклучиво девојки од Ниш, а во неа членуваат скоро 25.000 членови.

Неодамна и во Македонија беше згасната групата „Јавна соба“ во која беше споделуван сличен материјал.

„Иако првичната група на ‘Јавна соба’ е затворена, во меѓувреме е отворена и нова група ‘Јавна соба 2021’, каде што, повторно, се сторени повеќе кривични дела“, посочија пред неколку дена активистки на „Еквалис“.

Јавното обвинителство денеска информира дека активно постапува за утврдување кривична одговорност во предметите поврзани со групите „Јавна соба“ оформени на социјалната мрежа „Телеграм“.

Истрагата за предметот познат како „Јавна соба 1“ е во тек и е во завршна фаза, додека предметот во јавноста познат како „Јавна соба 2“ е во фаза на предистражна постапка.

фото: Социјални мрежи

 

 

На почеток