Актуелно

Царовска: Главен столб на новата концепција на основното образование е родовата рамноправност којашто носи придобивки за сите

Борбата за родова еднаквост продолжува низ сите системи, низ семејниот образовниот и државниот апарат секојдневно се бориме да воспоставиме рамноправно општество, истакна потпретседателката на СДСМ Мила Царовска на јавната трибина на тема “Безбедноста на жените во дигиталниот простор” : Моја слика, мое право, по повод Меѓународниот ден на жената во организација на Социјалдемократската младина на Македонија.

Таа нагласи дека може да постигнеме рамноправно општество во целост само доколку имаме системи на заштита, но и системи на едукација паралелно и на момчињата и на девојчињата.

„Родовата рамноправност е добробит за сите, затоа што таа не е борба меѓу девојчињата и момчињата или мажите и жените и едните и другите имаат рамноправна положба да дадат максимум во реализација на своите знаења, вештини и само такво општество може да биде развојно и прогресивно“ порача Царовска.

Царовска додаде дека низ образовниот систем мора да се постават основите на рамноправност.

„Затоа главен столб на новата концепција на основното образование е родовата рамноправност, инклузивноста и мултикултурата, затоа што тие вредности се граѓански, цивилизациска придобивка, а се европска стандард и мора да ги внесеме кај нашите деца од најмала возраст и од тие граѓани подоцна да очекуваме да се однесуваат согласно вредностите што се прифатени од нашата држава, порача потпретседателката Царовска.

 

фото: СДСМ

На почеток