Македонија

Тројца пратеници позитивни на КОВИД 19, собранието нема кворум за работа

Собранието  денеска без кворум. Тројца пратеници од владејачкото мнозинство се позитивни на коронавирусот и поради тоа не можеа да присуствуваат на работата на Парламентот, информира претседателот на Собранието Талат Џафери.

– Во четвртокот минатата недела утврдивме дека денешниот ден ќе биде ден за гласање на точките коишто поминале на расправа. За жал, морам да констатирам дека од мнозинството се присутни 59 пратеници. Тројца пратеници се спречени да учествуваат на оваа седница затоа што се заразени со коронавирусот. Двајца од нив добиле одлука за изолација, бидејќи се позитивни на Ковид-19, а третиот пратеник, кој има симптоми, очекува резултати, изјави претседателот на Собранието Талат Џафери, додавајќи дека поради здравствената состојба на пратениците денеска не може да го утврди дневниот ред.

Во салата беа присутни 59 пратеници.

фото: Архива

 

 

На почеток