Циркузот траеше една недела, Заев нема мнозинство за денешната седница во Собранието. Тестирањето на сопствената самодоверба е неуспешна. Собранието со ова парламентарно мнозинство е нефункционално.
Заев ја става во заложништво цела држава и нормалното функционирање на институциите само од желба по секоја цена да ја задржи власта, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.
Во продолжение на истото од партијата додаваат:
Македонија е заложник на болна потреба на Заев за моќ и власт.
Зоран Заев да не глуми и да не ја внесува Македонија во нови моменти на општествена и политичка криза.
фото: Архива