Набавката за која Владата платила 81 илјада евра, а осум месеци седи неискористена, носи назив „Софтвер за определување просечна брзина на возила во сообраќајот и изрекување на казни“, додека Рашковски има патент од 2018 година со речиси исто име: „Систем и уреди за контрола на брзината на возилата во сообраќајот, определување на просечна брзина и изрекување на казни“, објави 360stepeni.mk.
„За оние што читаат само наслови, многу работи се исти“, одговори Рашковски со СМС-порака за 360stepeni.mk. прашан да ја коментира коинциденцијата.
Драги Рашковски е автор на „Систем и уреди за контрола на брзината на возилата во сообраќајот, определување на просечна брзина и изрекување на казни” уште од 2017 година, објавил самиот во својата лична биографија, која е достапна на интернет. Случајно или не, системот за кој „360 степени“ извести дека го набавил Рашковски во 2020 година како генерален секретар на Владата, а осум месеци не се употребува од ниедна институција, има речиси исто име: „Софтвер за определување просечна брзина на возила во сообраќајот и изрекување на казни“. За оваа набавка Владата ѝ платила околу 81 илјада евра на фирмата „Инвока гроуп“.
Антикорупциска отвора предмет, премиерот собира информации за случајот.
Од Државната комисија за спречување на корупција вчера најавија дека ќе ја истражуваат набавката на софтверот за изрекување казни за сообраќајни прекршоци, кој лани го купил Генералниот секретаријат на Владата.
„Ќе отвориме предмет по сопствена иницијатива, по допрен глас од медиумите за набавката на Генералниот секретаријат кој купил софтвер за потреби на друга институција, а таа институција не го користи. Тоа се доволно елементи да го отвориме предметот, па ќе видиме што понатаму“, вели претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска за 360stepeni.mk.
Текстот во целост на: 360stepeni.mk.