Актуелно

Национален Блок „Не отворам врата“: Да се формира влада со експерти од МАНУ која ќе ги реши спорните прашања и ќе спроведе нови избори

Националниот Блок „Не отворам врата“ бара од владата на Зоран Заев да поднесе оставка и на нејзино место да се формира експертска влада составена од експерти од Македонската академија на науките и уметностите.
Експертската влада би имала мандат да ги реши прашањата кои доведоа до големи поделби меѓу политичките субјекти во земјата како и да спроведе нови парламентарни избори, се вели во соопштението од Националниот Блок „Не отворам врата“.

Во продолжение на истото се додава:

Во постоечките околности на длабока поделеност во земјата, експертска влада од МАНУ е најдоброто решение за надминување на поделеноста на домашен терен.

МАНУ не може да стои настрана во ова време на голема поларизација во државата и мора да преземе една поактивна улога. Дотолку повеќе, МАНУ има примарна задача да ги брани националните и државните интереси, а токму МАНУ каде е концентрирана врвната домашна памет ќе ги брани виталните интереси на македонската држава и македонскиот народ.

фото: Архива

На почеток