Денес тука заедно со колегите пратеници Иван Јорданов и Тимчо Муцунски ќе оствариме средби со повеќе стопански и здравствени субјекти во Штип. Пред се за да се информираме за стопанската состојба во градот која што е многу загрижувачка, гледаме дека има дополнителен број на 5.500 нови невработени лица што претставува огромен товар за стопанството во Штип и за самите граѓани, истакна Антонијо Милошоски, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
Милошоски на прес конференцијата додаде:
Исто така ја даваме симболична изјавата тука од пред Клиничкиот центар затоа што сегашната неспособна Влада која што имаше можност да ја продолжи изградбата на овој Клинички центар и со тоа да ги подобри здравствените услови не само за Штип туку и цела Источна Македонија. Гледаме дека до ден денес ништо не направи освен тоа што во Собранието поднесоа предлог на закон од 9 члена со кои што на еден според мене сомнителен начин веројатно со претходно земено аванс сакаат да градат некаков замислен клинички центар од 500.000 милиони евра. Но сметаме дека нивната неспособност и корумпираност се докажа во овој период.
И главната порака денес од тука од Штип до македонските граѓани е дека јавното обвинителство треба да се позанимава со случајот во министерството за здравство и набавката на вакцини преку фантом фирма која била регистрирана во само во еден даночен рај и докажува дека министерот за здравство и премиерот Заев трчале повеќе по провизии отколку што им биле важни вакцините и веројатно затоа е вратен авансот од кинеска страна и обвинителството би требало да истражи во оваа коруптивна афера на која сметка се уплатени парите од авансот, кој бил износот од парите од авансот и од која сметка се повлечени, односно дали оваа фантом фирма со само тројца вработени е фирмата преку која што Владата имала намера да остварува провизии на сметка на здравјето на граѓаните кои во меѓувреме бројот на заболени многу се покачува и за жал бројот на жртви секојдневно расте.
Сметаме дека едно вакво коруптивно профитерство за вакцини преку фантом фирма е и морално и кривично, едно неубаво дело, незаконито дејствие кое ги доведува во голема опасност во овие неколку изминати месеци граѓаните на Македонија и јавното здравје на сите нас. Тоа би биле пораките денес, истакна Милошоски.
На новинарско прашање Како ги коментира писмата што ги објавуваат деновиве „Ла Верита“ Милошоски истакна.
„Сметам дека овие писма кои што беа објавени од споменатиот странски медиум само ја докажуваат нетранспарентноста на министерот за здравство и на Владата. Зошто? Првата лага која што ја имаше господинот Зоран Заев, во јануари тврдеше дека не размислува за вакцини од истокот, а во исто време знаел дека во декември министерството за здравство преку фантом фирмата „Старби Компани“ се обидува на еден контроверзен начин да набави вакцини од Кина и да профитира на тие вакцини. По што следува одбивањето од кинеската страна која што се сомнева дека станува збор за некоја матна зделка и не сакаат да учествуваат во такви едни провизии. Затоа сметам дека објавените писма само се одговорност плус за министерството за здравство да каже дали има преддоговор со оваа фантом фирма, од каде министерот Филипче знаел за оваа фирма, дали го познава директорот, дали знае дека оваа фантом фирма има само тројца вработени, и дали ќе ги објави сите документи поврзани со оваа фантом фирма каде што провизиите биле поважни од набавката на вакцини. И апелираме уште еднаш до Јавното обвинителство да се вклучи во истрага за ова бидејќи ова е сериозен сомнеж за злоупотреба службена должност на сметка на здравјето на граѓаните, каде што државата трчала по провизии преку фантом фирма, уплатила и одреден аванс, кој што потоа бил вратен, а се уште немаме вакцини, а имаме многу заболени и многу жртви“, истакна Милошоски.
фото: ВМРО ДПМНЕ