Скопје

За да има простор за згради и деловни објекти, со ДУП от за просторот кај „Холидеј ин“ градинките нацртани под земја!

Градинка под земја предложиле од планерската куќа „Билд урбан“, која го прави Деталниот урбанистички план (ДУП) за просторот кај „Холидеј ин“ во строгиот центар на Скопје. За да има инвеститорот повеќе простор за згради и деловни објекти, планерите смислиле децата кои ќе живеаат во овој дел осум часа во денот да бидат под земја, без зрак светлина и сонце.

На првите состаноците кои ги имале членовите на Комисијата за ревидирање на деталните планови со планерите, се дале насоки на овој простор да се предвиди и градинка, бидејќи ако има станбени згради тогаш потребно е и соодветна инфраструктура за тие жители. Планерите несакајќи да трошат парцела за јавна установа и за да имаат повеќе простор за згради, како што велат од Комисијата за САКАМДАКАЖАМ.МК, нацртале мултифункционален простор под плоштадот кој треба да се предвиди во овој дел и во рамките на него да има и градинка.

Текстот во целост на: САКАМДАКАЖАМ.МК,

На почеток