Претпладнево полицијата го привела Орце Камчев. Од обвинителството за организиран криминал за Телма соопштиле дека приведувањето е откако АНБ доставила извештај дека Камчев се подготвува за бегство.
Од таму пишуваат дека поради тоа во рамките на истрагата за плацевите на Водно, во која е инволвиран и Камчев ќе биде поднесен предлог за определување на мерка притвор.
Според нивните информации, Камчев утре требало да оди во обвинителството за да се подготви како сведок на обвинителството во случајот Меѓународен сојуз.
Инаку, Камчев е еден од осомничените во случајот на СЈО под назив „Империја“.
извор: Телма