Македонија

МРТ формира комисија која ќе одлучува што ќе биде со годинашен претставник на „Евровизија“, Васил Гарванлиев

Во Македонската Радио Телевизија (МРТ) оформена е комисија која ќе утврдува и одлучува што ќе се случи со нашиот годинашен претставник на „Евровизија“, Васил Гарванлиев.

– МРТ формираше интерна комисија, која ги разгледува и анализира сите аспекти кои произлегуваат од реакциите на јавноста, врзани за проектот „Евросонг“. Јавниот сервис исто така ќе ги има предвид обврските нотирани во лиценцата за учество, како и обврските кои произлегуваат од членството во Европската радиодифузна мрежа – ЕБУ, каде МРТ е составен дел од здружението на јавни сервиси во Европската Унија. Јавноста наскоро ќе биде дополнително информирана за конечната одлука на МРТ , – вели Мери Попова, шефица на македонската евровизиска делегација за Нова Македонија.

Инаку деновиве има петиција на change.org“Васил Гарванлиев да не ја претставува Македонија на Евровизија во мај во Ротердам, до овој момент ја потпишаа повеќе од 14.000 лица.

Секако, кога се потпишува се дава можност и да објаснување, па така едно лице има напишано:„Се потпишувам на петицијата за забрана на учество на евровизија поради непочитување на Македонските национални обележја“…

Инаку петицијата започна откако македонскиот претставник на Евросонг во интервју се фали дека поседува бугарски пасош, а претходно се обелодени спортот за македонската песна за евровизија на кој го нема македонското знаме, туку ликовен експонат кој потсетува на бугарското знаме.

фото: Архива

На почеток