Коментари

Рашковски мета на твитерџиите – Сињор Рашковски вие во Мексико сте ?

Не запираат реакциите на социјалните мрежи, откако советникот во Владата Драги Рашковски, кого го тресат скандали за набавката на софтвер за сообраќајни прекршоци, а и во сред пандемија, призна дека со фамилијата е на одмор во Мексико.

Медиумите шпекулираа дека тој се наоѓа во бегство, но вчера тој за „Фокус“ се појави со изјава: „Со семејството сум на годишен одмор во Мексико, нема место за сензација“, додавајќи дека три години не бил на одмор, па ова патување било по повод роденденот на сопругата.

 

„Заминал по вакцини“, коментираат дел од граѓаните на социјалните мрежи.

„Ништо страшно, само го користи одморот од лани“, пишуваат други.

Во екот на аферата за набавката на софтвер за сообраќајни прекршоци за камерите од „Безбеден град“ кој никогаш не бил искористен, а софтверот го патентирал самиот тој. Рашковски даде кратка изјава од неговиот одмор од Мексико, каде што заминал на 14 март, а ќе престојува до 31 март.

Од Државната комисија за спречување корупција (ДКСК) веќе изјавија дека ќе ја истражуваат набавката на софтверот за изрекување казни за сообраќајни прекршоци преку видеонадзор, што лани го купил Генералниот секретаријат на Владата.

Софтверот за сообраќајни прекршоци, кој не е во употреба, бил платен 81.000 евра.

фото: Архива

На почеток