Претседателот на Танзанија Џон Помбе Магуфули, кој долго време негираше дека Ковид-19 претставува закана за неговата земја, почина по мистериозно двонеделно заболување, пренесува Фајненшл тајмс.
61-годишниот Магуфули исчезна од очите на јавноста на 27 февруари, предизвикувајќи шпекулации дека се заразил со Ковид-19, иако премиерот Касим Маџалива, минатата недела инсистираше на тоа дека претседателот е „здрав и работи напорно”.
Најмалку четири лица беа уапсени за ширење гласини дека претседателот е болен, што е дел од моделот на репресија врз новинарите кои го критикуваа Магуфули или неговата политика, пренесува весникот.
Синоќа, потпретседателката Салим Сулуху Хасан, во телевизиско обраќање до јавноста соопшти дека Магуфули починал. „Почитувани Танзанци, со жалење објавуваме дека денеска, на 17 март 2021 година околу 18 часот го загубивме нашиот храбар водач, претседателот Џон Магуфули, кој почина од срцево заболување”, рече таа. Хасан дополни дека тој починал во болницата Мзена во Дар ес Салаам, каде се лекувал.
Од почетокот на пандемијата во март 2020 година, Магуфули ја минимизираше сериозноста на вирусот.
Извор/фото:Агенции