Срамота е тоа што некои лекари се оставени без одмор во пандемија што трае над 1 година а тие се први на удар, додека други се позаслужни граѓани. Срамота е што лекари дежураат без пари во сред пандемија, што немаат здравствено и социјално осигурување а пратениците си земаат плата и надоместоци и не одат да изгласаат промена на таквата состојба, стои во објавата на Асоцијација на специјализанти и млади лекари-АСМЛ.
Тие во истата додаваат:
Срамота е што лекари акумулираат функции и што молчат за неправдата кон лекарите.
Срамота е што нашата Лекарска Комора не ги заштити матичните лекари. Дури ниту се заложи за нивна заштитна опрема.
Срамота е што колеги работат против колеги, а уште посрамота е што работат и против медицината базирана на докази и никој не сносува одговорност.
Срамота е што немаме вакцини, ниту јасни протоколи, што нема клексани, што се трошат антибиотици како слатки.
Срамота е што во 30 години независност немаме Клинички центар и централизирана терциерна заштита и едукација.
Здравствениот систем мора да се реорганизира и мора да се вложи во него за да стане одржлив за сите.
извор: Асоцијација на специјализанти и млади лекари-АСМЛ.