Жената која стана вистински хит поради коментарите на социјалните мрежи за министерот за здравство Венко Филипче и кого постојано го канеше на кафе, желбата конечно ѝ се исполни. Лиде Лиде конечно успеа да го запознае министерот за здравство Венко Филипче. Таа за оваа средба се пофали на социјалните мрежи. Над фотографијата Лиде Лиде напиша: Конечно го сретнав“.
На фотографијата се забележува дека иако не држат премногу растојание, сепак носат заштитни маски. Посебно внимание привлекува заштитната маска на Лиде Лиде на која пишува „Лиде Венко“ со што уште еднаш покажа дека е негов вистински обожавател.
фото: ФБ Ретро Лиде