Велат здравиот човек има многу желби, а болниот само една… вистина е. После 23 дена борба со ковид вирусот, и 12 дена поминати на инфективната клиника денес е првиот ден кога започнувам со моите редовни работни задачи, напиша на својот ФБ профил претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Мицкоски во објавата додава:
Најпрво огромна благодарност до медицинскиот тим на Инфективната клиника при државната болница Мајка Тереза. Во едни тешки услови се борат за секој живот, со ресурсите и условите кои ги имаат и се на располагање. Со овој вирус се соочи и моето семејство. И до сите сакам да порачам: чувајте се вие и вашите најблиски! Вирусот не е за потценување. Чувајте се, затоа што никој тоа нема да го направи наместо вие самите. Продолжуваме да се бориме против оваа неодговорна, неспособна и криминална влада, уште пожестоко, уште посилно. Зошто Македонија мора да се исправи на здрави нозе.
П.С. Откако најавив македонска пролет, ги слушам најавуваат пролетна офанзива. Сме ги виделе и нивните метли и нивните офанзиви. Она што со сигурност доаѓа, е македонската пролет, нова надеж, наша иднина!
извор: ФБ Христијан Мицкоски