Актуелно

МВР за време на полицискиот час затекна 10 лица без дозвола на улица

Од 22 часот (21.03.2021) до 05 часот (22.03.2021) констатирано е дека 10 лица не ја почитувале забраната за движење. Во текот на изминатото деноноќие пак (21/22.03.2021) на територијата на Република Северна Македонија, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 242 прекршоци.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата и сите заеднички да придонесеме за спречување на ширењето на Ковид 19.

фото: Архива

На почеток