Со големо жалење ја примив веста дека како последица на корона вирусот Ковид 19, животот го загуби долгогодишен вработен во Општина Охрид и член на Локалниот кризен штаб. Се работи за прв смртен случај од вирусот во рамки на општинската администрација.
Во мое лично име и во името на локалната самоуправа упатувам искрено сочувство до семејство и неговите најблиски.
Повторно апелирам до сите вработени во општината и до сите граѓани за максимално почитување на мерките за заштита и превенција од вирусот. Да продолжиме да бидеме одговорни, да го сочуваме сопственото и јавното здравје, напиша на ФБ градоначалникот Георгиески.