Мијалков можеше каде сака да оди и да шета, на крајот од денот до него е дозволено, единствено да биде – Александра Мијалкова.
Љубов.
Мајка ми покојна многу го сакаше Мијалков, го сметаше за права мушкарчина. Кажа кога избега – ,,Шо знам…ако е лопов, бар е убав лопов”, напиша на ФБ новинарката Јорданка Ивановска Јоци.
Јоци во објавата додава:
Изгледа не грешела. Си има и он свои правила за почит кон фамилија, кои не смее никој да ги пречекори, макар и кога е на дно.
Стариот Мијалков, татко му, на тетка ми и` помогнал во ,,Макотекс” кога имала мобинг од други шефови. А, не морал. Можел да ја одмине. Ама ете, помогнал кога ја видел со солзи.
Тоа е.
Живот, напиша Јоци на ФБ.
извор: ФБ Јорданка Ивановска Јоци