Македонија

ЈКПД Дебрца: Водата редовно се хлорира, меѓутоа во моментот на земање на примерок процентот на хлор е понизок од дозволеното

Во врска со Вашиот допис, го изветуваме локалното население во с.Мешеишта дека водата редовно се хлорира, меѓутоа во моментот на земање на примерок процентот на хлор е понизок од дозволеното и затоа се добиени такви резултати. Водата е безбедназа користење и пиење бидејќи во неа не е пронајдена никаква бактерија и нема простор за паника, се вели во соопштението од ЈКПД Дебрца кое доаѓа по информацијата од Центар за јавно здравје, Охрид кои посочија дека водата од мерните места-Климештани,Требеништа,Мешеишта треба да се хлорира континуирано за да биде здравствено исправна.

Од ЈКПД Дебрца додаваат дека што се однесува на водата во с. Требеништа, поради зголемената издашност на изворот, има недостаток на хлор и истата во моментов се забранува за пиење и користење, се до следното известување. Во текот на наредните неколку дена повторно ќе бидат извршени испитувања за што дополнително ќе бидете известени, велат од ЈП од Дебрца.

Инаку од Центар за јавно здравје, Охрид денеска преку соопштение уште посочија дека во селата:Климештани,Требеништа како и Мешеишта  водата се  забранува за пиење ,одржување на лична хигиена како и хигиена на раце, во домаќинствата се додека истата не се третира со хлорен препарат или да се преврива 45-50 минути.

 

На почеток