Македонија

Се плашам дека после сета оваа бука нема вакцини, потоа ќе ни останат вакцини, вели Караџоски

Претседателот на Комисијата за заразни болести, доктор Жарко Караџовски во вечерашното гостување на Канал 5 рече дека според него ќе има слаба заинтересираност за вакцинирање.

-Јас се плашам дека после сета оваа бука нема вакцини, потоа ќе ни останат вакцини. Вакцинирањето е доброволно, не може со сила да вакцинираме. Инаку, АстраЗенека е сосема безбедна. Јас би се вакицнирал со која било вакцина и да се погоди на пултот каде што ќе се вакцинирам.
Закупена е салата Борис Трајковски. Оној момент кога ќе дојдат вакцините, ќе бидат наредени 50тина пулта за вакцинација. Плус ќе има и низ другите градови. Тогаш ќе има 2,500-3.500 вакцинирани на ден, вели Караџовски.

фото: Архива

На почеток