Свет

Догодина ќе бидат пторебни нови вакцини против корона, тврдат научници за Гардијан

Може да помине една година или помалку пред првата генерација на вакцини против Ковид-19 да ја изгубат својата ефикасност. Потребни се нови вакцини на глобално ниво. Тоа се нагласува во анализа на епидемиолози, вирусолози и специјалисти за инфективни болести, пишува лондонски Гардијан.

Научниците веќе долго време велат дека се потребни глобални напори за имунизација за да се неутрализира заканата од Ковид-19. Ова се должи на заканата од разни мутации на вирусот – некои се шират полесно, други се повеќе смртоносни, а трети се во состојба да ги надминат вакцините.

Мрачната прогноза за една година или помалку ја споделуваат две третини од испитаниците, според People”s Vaccine Alliance, коалиција на организации, вклучувајќи ги Амнести Интернешнал, Оксфам и УНАИДС, кои спроведоа студија со 77 научници од 28 земји. Од нив се мислењата дека новите вакцини треба да се развиваат во рок од девет месеци или помалку.

Недостиг на доволно вакцини во многу земји веројатно ќе доведе до поотпорни мутации, велат 88 отсто од испитаниците кои работат во престижни институции како што се Johns Hopkins, Yale, Imperial College, London School of Hygiene & Tropical Medicine и University of Edinburgh.

Тековно одобрените вакцини во различни делови на светот се мешавина од стари и нови технологии.

Од особен интерес се вакцините на Фајзер/БиоНТек и на Модерна, кои можат да создадат вакцини против нови мутации во рок од неколку недели или месеци, но производството е секогаш потенцијален проблем. Тие се потешко достапни и во посиромашните земји, бидејќи вакцините се поскапи и мора да се чуваат на невообичаено ниски температури.

На почеток