Актуелно

ВИДЕО: Оро со студенти на сред пандемија, сосе песна за вакцина

И покрај зголемениот број на заразени и починати во Србија, апелите на медицинските работници кои постојано зборуваат за пребукираниот систем, голем број луѓе сè уште пркосат и прават по свое. Најдобриот пример ни доаѓа од групата што треба да биде најсвесна, иднината на секоја земја, студентите.

Кога членовите на групата „Гоци бенд“ ја снимиле сатиричната песна „Вакцина“, тие веројатно не можеле ни да сонуваат дека нивниот текст ќе стане омилена песна кај младите кога станува збор за спротивставување на заштитните мерки. И тоа е токму она што се случи во подземниот премин кај Зелени венац во центарот на Белград.

Без маски, без дистанца, во тесниот премин низ кој проаѓаат десетици илјади белграѓани дневно, студентите среќно играа оро и ги пееја на глас стиховите од оваа песна „Гара нема да прими вакцина, не верува во светската медицина, Гара нема да прими вакцина“.

Инаку Белград е најголемото жариште на коронавирусот во Србија.

На почеток