Скопје

(ФОТО) Синот на Жерновски учествувал во страшна сообраќајка, автомобилите искршени

Синот на ексградоначалникот на Центар и член на Централниот одбор на СДСМ, Андреј Жерновски учествувал во тешка сообраќајна несреќа во близина на Владата на Република Македонија. Автомобил марка „Мерцедес“, управуван од синот на Жерновски се забил со голема брзина во друг автомобил марка Масерати Левант, пишува „Инфомакс“.

Автомобилот марка Мерцедес за малку не се забил во еден од рестораните во близина на местото на несреќата.

За среќа поради вклучувањето на воздушните перничиња била избегната поголема штета и биле спасени животите на учесниците во несреќата. Жерновски објаснил за „Инфомакс“ дека син му е добар.

Извор/фото: Инфомакс.мк

На почеток