Светот денес го одбележува 2 Април – Меѓународниот ден на лицата со аутизам. Илјадници културни обележја, згради, домови и заедници ширум светот денес ќе се обојат во сино, испраќајки силна порака за поддршка на лицата со аутизам и нивните семејства. Ќе се одржат настани и едукативни активности со цел да се зголеми разбирањето и прифаќањето на лицата со аутизам, да се поттикне поддршката и да се мотивираат поединци и институции во креирање на пољубезен и поинклузивен свет за сите.
Со таа цел, Здружението за поддршка и третман на лица со аутистичен спектар и атипичен развој „Во мојот свет“, Lions клубот Лихнидос и компанијата ‘ПАП’ – Охрид го обоија и нашиот град во сино.