Германската комисија за вакцинација (СТИКО) им препорачува на луѓето под 60-годишна возраст, кои веќе ја примиле првата доза на вакцината на „Астра зенека“ против коронавирусот, да се ревакцинираат со „друг производител”.
Во препорака на својата веб-страница, СТИКО наведува дека не постојат научни докази за безбедноста на мешовитата серија на вакцини.
„Додека не бидат достапни соодветни податоци, СТИКО им препорачува на помладите од 60 години наместо втора доза на „Астра зенека“ по 12 недели да им се даде доза на mRNK вакцина“, се нагласува во соопштението.
Вакцините со mRNK ги вклучуваат оние кои ги произвеле компаниите Фајзер/Бионтек и Модерна.
На почетокот на оваа недела, Германија соопшти дека вакцината на „Астра зенека“ треба да им се дава само на луѓето над 60-годишна возраст поради ретките, но сериозни појави на тромбоемболиски несакани ефекти.
фото: BBC