Во неделата, кога се случи притворањето на Орце Камчев, јас, неколку часови подоцна, го добив документот на Агенцијата за национална безбедност и ги прочитав доказите и нивната аргументација. Јас верувам во тие докази. Нивна должност беше ако имаат докази и сомневања тоа да го соопштат, вака премиерот Зоран Заев го објасни притворањето на бизнисменот Орце Камчев на Прочка, објави vocentar.com.
Заев ги демантираше тврдењата на бугарскиот министер за одбрана Красимир Каракачанов дека Камчев бил следен од агенти на АНБ. Тоа не е точно Камчев не беше следен, тие приказни за агенти и Бугарија тоа ништо не е точно, вели тој.
Заев негира дека врз Камчев е вршена тортура. Секој што влегува во притвор оди во десет дена иозолација. Вие треба да обезбедите услови за изолација. Кога поминале тие десет дена тој е однесен во подобра соба, во затворот има подобри и полоши соби. Тоа што сум го слушал: Ц оддел, Б оддел, А оддел, хашко одделение. Во такви околности директорот си постапил како со секој друг граѓанин.
Текстот во целост на: vocentar.com.