Премиерот Зоран Заев во вечерашното интервју на Канал 5 рече дека ги слушнал критиките од граѓани за денешното летање со хеликоптер до Прилеп, но вели дека леталото секако морало да лета за да ги исполните часовите, а и било поевтино отколку да патува со автомобил при што треба да го следат и уште два други автомобили.
-Видов дека граѓаните реагираа. Пилотот и леталото мора да летаат макар и празни, часовите мора да ги исполнат. Јас не бев приватно во Прилеп, бев службено. Хеликоптерот троши помалку од Заев и две коли кои го следат. Ја исполнив мојата агенда. Леталото и пилотот мора да ги исполнат часовите. На времето Груевски одеше приватно до Грчка со хеликоптери, истакна Заев.
По оваа изјава на Заев на својот ФБ профил се огласи експремиерот Никола Груевски. Тој на ФБ напиша:
„Никогаш во животот не сум влегол во хеликоптер.“
извор: ФБ Никола Груевски