Четири дена со ред Битола има поголеми бројки на новозаразени лица со ковид-19 отколку Прилеп. Само вчера имаше скоро двојно повеќе, поточно во Битола евидентирани 113 новозаболени, а во Прилеп 59. Ваквиот тренд започна од 30 март и трае во првите денови од април, објави САКАМДАКАЖАМ.МК.
Бројките на новозаразени битолчани во третиот бран се поголеми од највисоките достигнати за време на есенскиот пик. Тогаш без евидентирани до сто новозаболени на ден, а сега бројката достигна и до 113. За два дена градот доби 218 нови пациенти. Со ова, а според податоците на Институтот за јавно здравје, Битола изби на трето место на табелата со активени случаи од градовите во внатрешноста. Во Битола има 897 лица кај кои болеста е во тек, а пред неа се Прилеп со 1.106 и Куманово со 966.
Градоначалничката Наташа Петровска ги повика угостителите да ги тргнат оградите од терасите за поголема заштита од ковид-19.
Текстот во целост на: САКАМДАКАЖАМ.МК.