Свет

Фрлени молотови коктели во центар за вакцинација во Италија

Непознати лица фрлија рано утрово фрлија два молотови коктели во Бреша и делумно го оштетија центарот за вакцинација, шатор поставен во центарот на градот за имунизација и тестирање на Ковид-19, јави весникот „Ил Фато Котидијано“.

Локалната полиција соопшти дека избувнал пожар, но нема повредени. Предизвикана е материјална штета, но не е оштетен делот каде се наоѓа медицинскиот материјал.

Засега не е позната причината за нападот, ниту кој го извршил.

фото: Архива

 

На почеток