Свет

Холандија ја прекина вакцинацијата со „АстраЗенека“ за лица под 60 години откако една жена починала по примање на вакцината

Властите во Холандија денеска ја прекинаа вакцинацијата со вакцината АстраЗенека за лица помлади од 60 години, откако една жена починала откако била вакцинирана со вакцината, пишува Ројтерс.

Како резултат на таа одлука, околу 10.000 закажани вакцинации ќе бидат откажани.

„Во Холандија, една жена почина откако беше вакцинирана со АстраЗенека, таа имаше комбинација на белодробна емболија и мал број на тромбоцити“, објави денеска Центарот за несакани ефекти, Лареб.

Досега во Холандија, откако биле вакцинирани со AstraZenecа, вкупно пет жени на возраст од 25 до 65 години имале тромбоза и низок број на тромбоцити, пишува NL Times.

Според Центарот Лареб имало пет случаи на 400 000 дози вакцина. Тромбозата и нискиот број на тромбоцити се случиле помеѓу 7 и 10 дена по вакцинацијата.

фото: Архива

На почеток