Владата го усвои предлогот на кризниот штаб и донесе одлука од утре полицискиот час да почнува од 20 часот до 05 часот. Се затвораат угостителските објекти, теретаните и се забранува одржување на семинари и курсеви. Ова се дел од новите мерки за спречување на ширење на коронавирусот. Според премиерот Зоран Заев, има голема олабавеност и непочитување на мерките, а оптеретеност на здравствениот систем. Движење ќе биде дозволено само со посебни дозволи.
„Забрана и посебен режим на движење од 20 часот до 5 часот наредниот ден, почнувајќи од утре, до 20 април годинава. Второ, на граѓаните кои извршиле имунизација, им се дозволува враќање до своите живеалишта врз основа на потврда за извршена вакцинација. Целосна забрана за гости во угостителски објекти, кои во склоп на истиот даваат угостителски објекти. Исклучок од ова се угостителските објекти на аеродромот во Скопје, како и угостителските објекти во сместувачките капацитети. Целосна забрана за посетители и гости во сите обложувалници од 7 април до 20 април. Целосна забрана за гости во спортски клубови, сали, теретани. Се забранува организирање и учество во семинари, курсеви. Се овозможува движење на земјоделците со дозволи за движење. За време на забраната, сите граѓани кои живеат во станбени објекти за колективно домување, да може да ги изнесуваат милениците од 22 до 23 часот најмногу до 100 метри од местото каде живеат“, рече Заев.
Премиерот кажа дека здравствениот систем е оптоварен, поради тоа биле потребни нови угостителски објекти. Според Заев на денешната седница на Владата донесле одлука за дополнителни мерки за заштита на здравјето.
„Најновите тенденции презентирани од здравствените власти, покажуваат дека британскиот сој зема се поголем замав. Овој вид на коронавирус, заразува многу полесно и побрзо, а резултира со тешки последици по здравјето. Во пресрет на празниците и топлото време, а согласно потребата да се одморат и здравствените работници, донесовме нови мерки. Бројот на новозаразени граѓани, починати граѓани, расте. Досега здравствените работници се соочуваа со сите предизвици, но, сега има преоптоварување. Ова е најголемото оптоварување на здравството од почетокот на пандемијата. Многу држави се соочија со ваква ситуација и порано од нас. Ова е моментот кога треба да пресретнеме нови оптоварување на здравствениот систем“, рече Заев.