Капацитетите за лекување на коронавирус низ ковид-центрите и болниците се скоро и целосно исполнети, истакна министерот за здравство Венко Филипче.
„Сите дополнителни одделенија се скоро исполнети, има по неколку слободни места. Со системот на визити и испуштања се создаваат дополнителни места. Во функција е болницата во Козле која има кислород, има кадар и тука се хоспитализираат пациенти. Имаме една клиничка слика на болеста различна од претходната. Хоспитализацијата трае подолго, а за разлика од претходно кога по 14 дена пациентот во најголем број случаи се сметаше да излечен, сега има влошување и кај помладите пациенти во 12, 13,14 ден со драстично влошување на белите дробови и крвта кој начесто завршува лошо. Во однос на смртноста, тоа е така висока насекаде во регионот“, кажа Филипче.
Министерот додаде дека состојбата можела да се влоши за време на претстојните празници и затоа мерките се заоструваат.
„Овие сегашни мерки ги стабилизираа мерките, пикот се надевам нема да има измени беше на 1 април, сега се намалува. Огромен е бројот на хоспитализирани пациенти. Сметаме дека празниците кои доаѓаат можат да ја комплицираат ситуацијата, не сакаме да дозволиме во периодот кој доаѓа да се оперети здравствениот систем, кој тешко може да го изменаџираме, а епидемиолошката слика да стивне. Има намалување на инциденцата во споредба со претходната кај голем дел од граѓаните. Има градови каде е сеуште висока, а тоа се: Куманово, Кичево, Битола и Тетово, а тоа е ризик за целосниот здравствен систем“, додаде Филипче.