Затворена е бушотината во Стопански Двор.По повеќе од една деценија, спречено е неконтролираното излевање на минерална вода и гас CO2, кои им создаваа проблеми на локалното население.
Како резултат на посветените напори на општината да се реши долгогодишниот проблем, денеска увид во завршните работи изврши Државниот секретар во Министерството за економија, Размена Чекиќ-Дуровиќ во чија надлежност е управувањето со минералните суровини.
Како надлежна институција, Министерството за економија се заложи кон решавање на овој проблем, кој покрај штетите кои се прават на локалното население, истовремено нерационално се намалуваат резервите на природните ресурси и се нарушува состојбата со подземните води во околината.
По оддржаните состаноци со поранешниот концесионер ТГС „Технички гасови“ АД Скопје, се пристапи кон изработка на проект за затворање на дупнатината, а потоа се пристапи и кон реализација на проектот.
Проектот е изработен од компанија која поседува овластување за изработка и изведување на овој вид дејности, ревидиран е исто така од овластена компанија, одобрен од надлежните инспекциски служби. ТГС „Технички гасови“ АД Скопје, како поранешен концесионер ја заврши обврската за затворање на дупнатината.
Со затворањето на бушотината, локално се придонесува кон заштита на животната средина преку спречување на излевање на CO2 во атмосферата а истовремено се зачувуваат и природните ресурси кои не се користат.
фото: Општина Ѓорче Петров