Медиасет

Почина принцот Филип, сопругот на кралицата Елизабета Втора

Кралското семејство објави дека денеска почина сопругот на кралицата Елизабета Втора, принцот Филип, војводата од Единбург.

Принцот Филип, војводата од Единбург почина на 99-годишна возраст.
Војводата од Единбург, беше во брак со британската кралица 73 години.

Принцот беше во болница последните месеци, меѓу другото, и поради срцеви заболувања.

Знамињата на значајните згради во Велика Британија се спуштени на половина копје, а најавен е период на жалост.

 

На почеток