Македонија

ВАЖНО: Граѓаните да си ги проверат даночните пријави, постојат сомнежи за перење пари во обложувалници тврди Трпеноски

Државната комисија за спречување на корупција правејќи проверки на имотно-правна состојба на избрани и именувани функционери и вистинитоста на доставените податоци, открила злоупотреба на лични податоци и сомнежи за перење пари од страна на обложувалници, објави МКД.МК.

„Заради надминување на ова и проверка предлагам како ДКСК да побараме итно да се направи антикорупциска проверка на Законот за игри на среќа и да се направи проверка на законот за регулирање на исплатата во кеш, бидејќи засега со првичнава проверка околу 40.000 евра беа ставени на даночните пријави без да знаат граѓаните. Да побараме промена во законот или да се регулира оваа исплата во кеш“, предложи членот на ДКСК Горан Трпеноски, кој работел на случајот заедно со службите во комисијата.

При тоа, проверката открила случај за сомнеж на злоупотреба на личните податоци на граѓаните од спортските обложувалници и индиција за сомнеж за можно перење на пари.

Апелираше до играчите на среќа и граѓаните, како што кажа, да си ги проверат даночните пријави бидејќи, според Трпеноски, има случаи на губење на социјална помош, крадење на лични податоци, земање на кредити…

Текстот во целост на: МКД.МК.

На почеток