Професорката и пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова, утрово во „Радио Лидер“, во врска со случајот за приведувањето на Драги Рашковски денеска истакна дека случајот е спектакл демократија, власта се обидува да го насочи вниманието на јавноста кон еден настан, за да се затскријат и покријат многу други нешта кои се случуваат во земјава.
-Можно е случајот со Драги Рашковски да е покривање на многу нешта кои треба да се затскријат, бидејќи еден случај сите се фокусираме на тоа, спектакл демократија, но забораваме дека најстрашна држава е онаа која ќе почне да тоне, па по тоа кога ќе почнат да паѓаат лошите држави не можат да се запрат, можеби мастерите на пи-арот ќе го насочат вниманието на една личност за да заборавиме дека се е пустина и дека, а настанот не е исклучок туку е реалност, бидејќи ненормалното станало нормално, вели професорката Силјановска.
Силјановска истакна дека излегуваат „спасители“ оние кои се први на столбот на срамот, но за да не заминат тие сега ќе не фрлат во некој нов спектакл.