Актуелно

(ФОТО) ФФМ набави 15.000 илјади фудбалски топки, најголемата набавка досега целосно наменета за клубовите од МФЛ

Фудбалската федерација на Македонија ќе им донира и веќе е започната распределбата на вкупно 15.000 фудбалски топки (со ознака: FIFA QUALITY PRO “IMS – International Match Standard”) на клубовите од сите категории од натпреварувањата во рамки на ФФМ (1 МФЛ, 2 МФЛ, Трети лиги, младински конкуренции и Женска фудбалска лига).

Две илјади фудбалски топки ќе се распределат за клубовите од 1 и 2 МФЛ, 11.700 илјади топки се наменети за клубовите од Трета лига, лигите организирани од Општинските фудбалски Сојузи, младински конкуренции и детски лиги, додека 1300 фудбалски топки ќе добијат клубовите кои се натпреваруваат во женските лиги.

Набавката на досега најголемиот број на фудбалски топки по сите стандарди на ФИФА произведени и со дизајн за ФФМ, Управниот одбор на Федерацијата ја најави кон крајот на минатата година, а во текот на следната седмица клубовите веќе ќе можат да ги користат за тренинзи и натпревари.

Со новата акција наменета за клубовите од МФЛ, Фудбалската федерација на Македонија уште еднаш ја потврдува важноста за поддршка на сите клубови во сите конкуренции од натпреварувањата организирани од ФФМ.

Извор и фото: ФФМ

На почеток