Свет

(ВИДЕО) Повредени повеќе од 100 лица во Париз, 1000 зад решетки

На протестите на „жолтите елеци“ во Франција уапсени се 1.385 лица, а 985 од нив се задржани на распит. Силни полициски сили се обидоа да ги запрат демонстрантите кои се движат низ центарот на Париз. На улиците на француската престолнина има 8.000 полицајци, дури и оклопни возила за прв пат по повеќе децении, за да се спречи насилството кое ги одбележа протестите минатата сабота.

Францускиот минстер за внатрешни работи Кристоф Кастнер изјави дека 135 лица се повредени во протестите во Париз, а меѓу нив се и 17 полицајци. Според него на улиците во Париз имало 10 000 протестанти, а во цела Франција нивниот број бил околу 125 000.

Може да се забележи чад, оган и барикади по улиците на Париз, како и оклопни возила. Полицијата испали солзавец кон демонстрантите на плоштадот во Париз, а протестите се одвиваат на неколку стотина метри од Елисејската палата, резиденцијата на претседателот Емануел Макрон. Демонстрантите возвратија со боци и метални шипки, петарди.

 

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток