Коментари

Мицкоски: Претседателе Пендаровски доста се криеш бекни нешто, Заев е заложник на Џафери, ама ти имаш можност да не ги потпишеш законите и да докажеш дека си достоен на функцијата

Претседателе Пендаровски, доста се криеш, бекни нешто. Застани зад правото, законите и Уставот. Тоа што Заев дозволил да биде заложник на Талат Џафери, тоа што пратениците од СДСМ одлучија да бидат слуги на инаетот и фрустрацијата на еден човек, нека биде нивен срам, ти имаш можност барем еднаш да покажеш дека си достоен за функцијата која ја извршуваш и не ги потпишувај законите кои се резултат на оваа седница, напиша на својот ФБ профил претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Мицкоски во објавата додава:

Пратеничката група на коалицијата за Обнова на Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе кривични пријави за сите оние кои денес го прекршија законот поради инаетот и фрустрацијата на еден човек, а обвинителството има можност првпат да покаже дека не се робови на Зоран Заев и владиното мнозинство.

Правда ќе има со ова или некое друго ослободено обвинителство. Сторителите ќе одговараат, Ви ветувам лично дека тие ќе одговараат од прв до последен.

извор: ФБ Христијан Мицкоски

На почеток