Актуелно

Левица: Владата на чело со премиерот Заев освен со криминал Собранието го контаминираше и со вирус!

Премиерот Зоран Заев, заедно со неговите најблиски соработници секој ден тоне во криминал, обрачот околу него со секој поминат ден се стега се’ повеќе, единствено прашање на време е кога ќе ја изгуби власта оваа криминогена структура околу Заев, се вели во соопштението од Левица.

Во продолжение на истото од партијата додаваат:

Токму поради паниката која го зафаќа премиерот Заев, како страв од кривична одговорност за сите злодела и криминали кои ги направи во периодот на неговото владеење, тој посегнува по уште поголем криминал и репресија, а со тоа и другите околу него ги вовлекува во криминални дејствија. Последен ваков случај беа вчерашните случувања во Собранието на Македонија, каде премиерот Заев, заедно со спикерот Џафери, прекршувајќи ја одлуката на Собранието и Кривичниот Законик, поттикнаа два пратеници на кривично дело, приндувајќи ги да се појават на гласање на 32-рата седница и покрај тоа што пратениците беа позитивни на Корона вирусот, што претставува кривично дело според КЗ Чл. 206 – за што Левица ке поднесе кривична пријава против овие два пратеника.

Инаку, за да се обелодени вистината во јавноста, која СДСМ, и особено ковид позитивните пратеници претставувајќи се како жртви ја испревртуваат, доволно е да се погледнат точките на дневен ред од 32-рата седница, и тоа на сајтот на Собранието. Оттаму лесно може да се види дека 5-тиот пакет економски мерки не беше точка на дневен ред на оваа седница. Имено, Гласањето за 5-тиот пакет мерки НИКОГАШ НЕ БИЛО ДОВЕДЕНО ДО ПРАШАЊЕ ОД ОПОЗИЦИЈАТА, бидејќи истата спикерот можеше да ја свика и на 16 април, но, тоа не го стори. Вчера, за тој пакет економски мерки гласаа над 100 пратеници!

Воопшто не беше потребно присуството на Ковид – позитивните пратеници за изгласување на петтиот пакет мерки, коишто патем, додека медицинскиот персонал низ земјава страда од недостиг на заштитна опрема и секој ден умираат луѓе како жртви токму на неспособното Министерство за здравство – тие дојдоа со скафандери и приватни амбулантски возила.

Секојдневните непромислени и неспретни дејанија на Заев и неговите соработници од власта, се само доказ дека се наѕира крајот на овој веќе распашан режим, дотолку повеќе што, нивниот крај ќе биде полош и од оној на Груевски. Овој пат нема да има повторна амнестија за Зоран Заев!

На почеток