Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струга синоќа изврши увид во стан во Струга каде што маж си ја уби жената на возраст од 34 години.
Според првичните сознанија, по претходна меѓусебна расправија, сопругот и’ нанел неколку смртоносни убоди со нож на жената, а потоа се обидел и да се самоубие. Настанот се случил во домот на нивни пријатели каде што сопружниците биле во посета.
По наредба на јавниот обвинител ќе биде извршена обдукција врз телото на починатата. Од лице место прибрани се траги и докази кои ќе бидат вештачени, меѓу кои и оружјето со кое било извршено кривичното дело. Заради утврдување на фактите, јавниот обвинител ќе ги испита и сведоците на настанот.
По обидот за самоубиство, 39-годишниот осомничен е опериран и се наоѓа надвор од животна опасност.
фото: Архива