Македонија

Кумановец загинал откако излетал до патот паднал во провалија

44-годишен жител од кумановско Арбанашко загинал, откако со возилото излетал од патот и паднал во провалија на патот Арбанашко – Кокино.

Несреќата се случила кога 44-годишниот Д.П. со своето возило Голф 2, се движел кон Куманово, но од непознати причини изгубил контрола и излетал од патот, објави Сител.

„Вчера во 8 часот случаен минувач го забележал возилото и пријавил во полиција. На терен излегла екипа на Противпожарната единицата во Старо Нагоричане, па откако не успејале да го извадат, побарале помош од пожарникарите од Куманово. Автомобилот морало да се сече за да се извади починатиот“, соопштува Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК), пренесува Сител.

фото: Сител.

извор:Сител.

На почеток