Богдановиќ станал гостин, откако беше фатен на лице место како крши закони и полициски час. Оправдувањата на Саша Богдановиќ за кршење на закони и полициски час се неоправдани. Играчот Аска уште пред неколку дена е дојден во Скопје, а на 17-ти април настапил и на мечот во СРЦ Кале против Гостивар каде го има во официјалната статистика. Оттука неиздржани се оправдувањата, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.
Во продолжение на истото од партијата додаваат:
Дополнително не е и не може да биде оправдување седењето во кафеана во полициски час, која е отворена специјално за него, работи само за него, и келнерите служат само за него.
Однесувањето на Богдановиќ е показател за целата аздисаност на СДСМ и е само продолжување на низата по возењето мотори на Заев и Филипче додека народ умира, летањето со хеликоптер, додека за народот нема ни болничко возило. Ова е забеганост од реалноста, која народот ја гледа и ќе ја казни.
фото: Архива