Новинарот Боби Христов од ТВ Телма на синоќешниот разговор со македонскиот министер за надворешни работи Бујар Османи неколку пати се обиде да извлече одговор од министерот Бујар Османи за тоа дали е за или против прекројување на границите на Балканот, но не доби јасен и прецизен одговор.
Османи во емисијата секогаш вешто го избегнуваше одговорот велејќи дека македонската дипломатија не сака да влезе во стапица со отворената тема која има друга заднина и цел, дека единственото решение за проблемите на Балканот е евроатлантската интеграција на сите шест земји на Западниот Балкан, дека влезот во ЕУ ќе ги реши сите проблеми… За него содржината на нон-пејперот е стара тема, нема ништо ново во темата размена на териториии со различни цели, но иднината на регионот е евроинтеграцијата и нема друга алтернатива.
„Нашиот став во однос на содржината на нон-пејперот е јасен, но многу е важно да се види чија е идејата и што е целта. Не треба да се брза во констатацииите и шпекулациите и тоа може да скапо да ја чини Северна Македонија да стане предмет на тие дебати. Ние сметаме дека решението со границите на Балканот е со релативизирање на границите во интеграцијата во ЕУ. Единствена алтернатива е проширување на НАТО и членството на целиот регион во ЕУ. Не сакаме да бидеме дел од дебати за кои не ја знаеме целта и авторството. Може многу лесно да паднеме во стапица“, рече Османи.
видео: ТВ Телма