Минатата ноќ во 00:45 часот во близина на СЈО се случи вооружена престрелка на скопската улица „Рузвелтова“. Убиено е едно лице, двајца се повредени. Од едно возило во движење биле истрелани рафали кон сивото возило во кое бил загинатиот, кој почина на самото место.
Улицата „Рузвелтова“ беше затворена за сообраќај од „Партизанска“ до „Орце Николов“.
Засилено полициско обезбедување има и пред и во Ургентниот центар, на Клиники „Мајка Тереза“. Таму се пренесени тројцата повредени, од кој еден е во тешка состојба и во текот на ноќта врз него е извршен оперативен зафат.
Полицијата официјално нема лиферувано информација за овој настан.