Коментари

Богојески за повикот за протест од Груевски: Овој човек ги повика, па ги предаде и осуди протестантите од 27ми, уште неосудени од Суд!

Шефот и 27ми!!!
Овој човек ги повика, па ги предаде и осуди протестантите од 27ми, уште неосудени од Суд!
Сега истиот овој човек, после точно 4 години, повторно Ве повикува да протестирате за демек слобода на оние кои тој ги осуди и продаде, напиша на својот ФБ профил промоторот на „Македонски концепт“, Петар Богојески.

Богојески во објавата додава:

Дали знаете зошто го прави тоа?!?

Во тек е постапка за проширување на истрагата за 27ми, во која е опфатен и тој истиот, како главен организатор! Доколку добие обвинение за тероризам, џабе ќе му биде бегството во Унгарија, ќе мораат таму да го притворат! Тој човек Ве повикува повторно да се “будалеете на 27ми”, само и само тој да остане на слобода! Го заболе него за луѓето што ги намести по затвори!!!

За да спречи негово апсење во Будимпешта, тој го испрати измеќарот Мицко да се пазари со Заев во име на ВМРО ДПМНЕ и во име на граѓанското незадоволство, но пред се поради ветувањето дека ќе остане на слобода доколку обезбеди пратеници за промена на името МАКЕДОНИЈА!

Мицко бара гаранции за шефот, дека ќе му се исполни ветеното со промена на името и дека ќе остане на слобода. Бидејќи истрагата не може да се спречи, а шефот да остане надвор од обвинение, се пазарат со Заев за “амнестија за 27ми”!!! Демек сакале да ги ослободат осудените, а вистината е дека сакаат пак да го искористат народот на протести за да спречат ново обвинение за бегалката.

Заев може да им “спроведе амнестија” само и само “под притисок на народот”! Затоа народот се бара да протестира. Ако Заев одлучи да амнестира, ќе биде добро за шефот! Ако Заев осети дека протестите не се толку силни, нема да амнестира, ама може некоја жешка глава пак да си го однесе и да заврши пак во затвор, поради пазарите на шефот на Мицето.

Опаметете се веќе еднаш!!!

Доволно Ве користат за “газот” на бегалката!!!

Никој од нив тројца не е загрижен за осудените по затвори за 27ми!!!

Нив ги интересира да се исполни договорот за промена на името Македонија и шефот да остане на слобода!!!
Ништо друго!!!

Пак ќе Ве пуштат низ вода!!!

п.с. Повторно можете за ова да ме нарекувате предавник, платеник, кодош… ама на крај пак ќе испадне по мое!!! Како што испадна по мое за името, сега ќе биде и за “презимето”!
п.п.с. Ако до сега Ви беше малку, продолжете и понатака, нека Ве дотолчат!!!
п.п.п.с. Јас толку можам! Ги перам рацете!!!

 

извор: ФБ Петар Богојески

На почеток