Македонија

Дали постои правен основ за разрешување на Стојко Пауновски?

Не постои правен основ за разрешување на Стојко Пауновски. Директорот на државниот пазарен инспекторат апсолутно ги почитувал законите, сметаат правните експерти. Тој не може да измисли работни места за непостоечки професии и да ја менува систематизацијата. На тој начин би го прекршил законот, вели професорката Ана Павлова Данева, објави Сител.

Данева вели дека не постои простор за повикување на етичкиот кодекс за разарешување. Потсетува дека етичкиот кодекс на владините функционери на кој се повикуваат вицепремиерите Николовски и Груби првенствено постои за да го штити интегритетот на институциите со кои раководат како и јавниот интерес. А токму тоа го правел Пауновски.

Етичкиот кодекс предвидува неколку мерки за казнување на владини функционери а разрешување е последна мерка, вели Данева.

Текстот во целост на: Сител.

На почеток